Водата - основен извор на живот

Она што е ретко е скапо,
Водата како најважна на
светот, напротив нема цена
(Платон, 427-347 п.н.)

ВОДАТА - Незаменлив сопатник на човекот, скротена, насочена, во изобилство и количества кои зборуваат за цивилизациските и културни потреби, немилосрдно се исцрпува, а уште повеќе загадува. Повеќе >>

ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА НА СМЕТКИ

За користење на услугите потребно е да се најавите на системот на

www.evodovod-ohrid.com.mk
Штеди ја водата
Што секој од нас може да направи за заштеда на водата:  
- не излевајте ги старите моторни масла и другите нафтени деривати во канализација или потоци и реки
- штедливо користете ја водата при туширање, готвење, миење на раце и заби
- во летните месеци тревниците, градините и цвеќето залевајте ги во вечерните часови, за земјата што подолго да ја задржи водата. Повеќе >>
НАЈНОВИ ВЕСТИ

 
Електронска наплата на сметки
20.04.16
МЈП Проаква, Р.Е Водовод Охрид ги информира сите граѓани дека од денес 20.04.2016 година, како корисници на МЈП Проаква, Р.Е Водовод Охрид бесплатно може да ги користат он-лајн услугити за: детална проверка на сметките за потрошена вода и електронско плаќање на доспеаните сметки за потрошена вода. За да можат да ги користат услугите потребно е да се најават во системот на www.evodovod-ohrid.com.mk. Плаќањето е без провизија, брзо, сигурно и едноставно on-line плаќање...   Повеќе »
 
Посета на ученици од ОУ Св.Климент Охридски
29.03.16
Денес во посета на МЈП Проаква беа децата од четврто одделение од ОУ "Св.Климент Охридски "од Охрид .Децата се запознаа со работата и основните дејности на нашето претпријатие како што се зафаќање,третман и дистрибуција на вода. Од страна на нашите вработени им беше објаснет сложениот и долг пат на водата од изворите до потрошувачите преку водоснабдителниот систем...   Повеќе »
 
Изведба на водоводна линија за системот за наводнување на пешачката патека Студенчишта
18.03.16
МЈП Проаква Охрид отпочна со припреми за изведба на водоводна линија за системот за наводнување на пешачката патека Студенчишта кој проект финансиран од Општина Охрид е во третата завршна фаза.Водоводната линија која е со профил на цефки од 63мм ќе се протега во должина од 700м ,од Плажа Кадмо до Парк...   Повеќе »
 
 
< Претходна 1 : 2 : 3 : 4 : 5 : 6 : 7 : 8 : 9 : 10 : 11 : 12 : 13 : 14 : 15 : 16 : 17 : 18 : 19 : 20 : 21 : 22 : 23 : 24 : 25 : 26 : 27 : 28 : 29 : 30 : 31 : 32 : 33 : 34 : 35 : 36 : 37   Следна >
СООПШТЕНИЕ
СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОДИТЕ
Во рамките на Акциониот план за Oдноси со јавност се спроведе кампања за подигање на јавната свест кај своите корисници на услуги.
Како посебна активност во кампањата, е одбележување на Светскиот ден на водите 22-Март.
Со одлука на Организацијата на Обединетите нации 22Март е прогласен за Светски ден на водите, а целата наредна деценија од 2005 до 2015 година ја имаат прогласено за меѓународна деценија за заштита и зачувување на водата на Земјата или почеток на деценијата Вода за живот. Повеќе >>