Водоводот е систем од објекти и цевководи со кои водата од природата се зафаќа, преработува и транспортира до потрошувачите.
На територијата на Охрид според кажувањето на постарите жители во турско време постоел систем од цевководи - керамички цевки кои ја зафаќале водата од изворите Св. Петка и Поник и ја дистрибуирале до сараите и неколку чешми во градот. Снабдувањето со вода било од бунари или од езеро.
При посетата на Кралот Александар на Охрид бил воодушевен од пречекот и подароците кои ги добил. Кога ги прашал што сакаат за возврат тие му одговориле дека сакаат водовод и според кажувањата се направил водоводот.
За почеток на организирано водоснабдување на Охрид се смета 1934 год. со изградба на водоводниот систем Каптажа Билјанини Извори, цевковод до резервоарот Кале и резервоарот Кале.
Од тој период потекнува водоводната линија по Д.Влахов, Климентска, Илинденска, дел од 7-ми Ноември и старата Чаршија. Тогаш се вградени лиеножелезни цевки кои и денес се во функција.
По ослободувањето 1944 год електроснабдувањето и водоснабдувањето биле под управа на Техничкиот оддел на Градскиот народен одбор.
На 27.01.1948 год. е формирана претпријатие "Електрична централа и водовод" - Охрид , а со Решение на НО на градската Општина Охрид бр.13.922 од 28.12.1953 год. Градски водовод се издвоил од Електрична централа.
Со развојот на градот и индустриските објекти продолжено е и развивањето на водоводниот систем. Понатамошниот тек на развојот на водоснабдувањето на Охрид било со проширување на водоводната мрежа но и барање на нови извори за водоснабдување.
Стопанскиот и туристичкиот развој на градот го прател и развојот на водоснабдителниот систем. Заради недостатокот на вода кој се чувствувал наметнувал потреба од изнаоѓање на нови изворишта на вода:
-
1969 Каптирање на Летнички Извори и довод до град
-
1972 Каптирање Поник/Биглишта
-
1972 Каптажа Беј бунар
-
1978-79 бунари Студенчишта 2х50л/сек
-
1988 Метропол, Резервоар, доводен цевковод
-
1980 Цевковод по Туристичка
Со развојот на градот се развивал И водоснабдителниот систем. Денес од системот за водоснабдување на Охрид
се врши централно водоснабдување за: градот Охрид, населените места Орман, Рача, Св.Стефан, Долно Коњско,
Лагадин, Пештани и туристичките локалитети долж брегот на езерото. Од локални водоводи се снабдуваат населените
места Велгошти, Трпејца, а со Одлука на Советот на Општина Охрид се управува и со системот за водоснабдување во
с. Љубаништа од втората половина на 2007 год., а од мај 2008 год. управуваме и со системот за водоснабдување во
с. Лескоец. Вкупен број жители кои се водоснабдуваат изнесува околу 55.000, а во летниот период поради туристичкиот
карактер на градот Охрид и околината овој број рапидно се зголемува.
Водата во Охридскиот водоснабдителен систем се обезбедува од следните изворишта на вода:
-
извори по гравитација (Летница, Биглишта, Поник и Св.Илија) со просечна издашност од q средно/год. = 64 л/сек.
-
со пумпање од бунарите Студенчишта и Билјанини извори просечно годишно 135 л/сек.
-
од бунари Орман 80 л/сек.
-
со пумпање од Охридско Езеро (само во лето) q инст. = 200 л/сек.
-
од локални извори за с. Трпејца само со пумпање q средно = 4 л/сек.
-
од локални извори за с. Љубаништа по гравитација q средно = 2 л/сек и со пумпање q средно = 5 л/сек.
-
од локалните извори за с.Лескоец q средно = 4 л/сек.
За израмнување на часовата нерамномерност во системот за водоснабдување на Охрид изградени се резервоари со вкупна запремнина од 7380 м3
Проширувањето на градежните зони, зголемувањето на населението во град Охрид ја налага потребата:
-
од натамошно размислување за зголемување на водоснабдувањето на град Охрид и околните населени места,
-
намалување на водоснабдување со црпење и пумпање на вода поврзано со рестрикција на трошоци,
-
обезбедување на чиста вода за пиење истовремено со поефтини трошоци по пат на гравитација