Дома :: Совети
Главно мени

Дома

Водоснабдување

Канализационен систем

Примарен колектор

Хидротехнички услови

Наплатен центар

Обрасци

Каква вода пиеме?

Совети

За викенд корисници

Кутија за корисници

СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОДИТЕ
Во рамките на Акциониот план за Oдноси со јавност се спроведе кампања за подигање на јавната свест кај своите корисници на услуги.
Како посебна активност во кампањата, е одбележување на Светскиот ден на водите 22-Март.  Повеќе >>
Совети

Совети за заштеда на вода во домот

  • еден ученик троши од 2 -15 литри вода на ден
  • за миење раце се трошат од 2-5 литри вода
  • Исклучувајте ја водата додека ги четкате забите или се бричите, бидејќи за едно четкање заби со пуштена вода се трошат и до 30 литри а за бричење и до 60 литри.

Туширање

  • Капење во када годи, но нашиот туш подобро освежува и се заштедува 100 литри вода во однос на капење во када.
  • за едно туширање се трошат од 40-80 литри вода
  • исклучувајте ја водата за време на туширање додека се сапунирате бидејќи во спротивно се трошат и до 80 литри за едно туширање.
  • набавете туш кабина која ќе ви заштеди и до 400 литри неделно за туширање во однос на голема када
  • кога варите чај, кафе, супа и сл. ставете во садот онолку вода колку што ви е потребно а со тоа ќе заштедите и на електрична енергија

Чешма од која линее

  • затворете ги и проверете ги сите славини бидејќи со обично незначително изливање би изгубиле дури до 100 литри вода неделно која неискористена истекува во канализацијата.
  • Чувајте шише вода во фрижидер за да не чекате при секое полнење на чаша да се излади со изливање

WC Казанче

  • Неисправено казанче дневно троши исто колку и четворочлено семејство, а тоа годишно изнесува 260 метри кубни вода
  • Не користете го тоалетот за исфрлање на пепел од цигара или ситен отпад, со што би заштедиле и до 200 литри неделно.

Оштетени инсталации

  • Обично големите оштетувања се поправаат, зошто ги оштетуваат зидовите но од малите скриени дупчиња на цевките “неказнето“ истекува 1660 метри кубни вода.

Машина за перење алишта и миење садови

  • Во машината за перење може да се регулира количината на вода во согласност со количината на алишта.
  • Вклучувајте ја машината само кога е полна со алишта.
  • Не е вистина дека ако користиме машина за садови трошиме повеќе вода од кога ги миеме рачно, но точно е дека ако машината е полупразна троши иста количина вода и струја како и кога е полна.

Полевање на зелени површини

  • Ако зелените површини се полеваат навечер а не наутро корисно е и за растенијата и за заштеда на водата. Навечер растенијата многу подобро ја искористуваат водата бидејќи испарувањето е помало. Уште поголем ефект на штедењеќе се постигне ако градината наместо со црево ја полеваме со вода од канта (така ќе потрошиме 5-10 литри на метар квадратен) а ќе заштедиме 100-200 литри.

Миење кола

  • Дека и на мали нешта може да се заштеди зборува податокот дека ако вашиот автомобол го миете со вода од кофа, а не со црево, наместо 100-200 литри ќе потрошите само 20-40 литри вода.


СООПШТЕНИЕ
АНКЕТА
Дали сте задоволни од работата на службите на МЈП-Проаква?
Да, задоволни сме од работата на службите на МЈП-Проаква
Не, нема редовно читање на водомерното броило
Не, треба да се подобри редовноста во доставување на сметките
Да, МЈП-Проаква нуди можност за плаќање на заостанатиот долг на рати