Дома :: Примарен колектор
Главно мени

Дома

Водоснабдување

Канализационен систем

Примарен колектор

Хидротехнички услови

Наплатен центар

Обрасци

Каква вода пиеме?

Совети

За викенд корисници

Кутија за корисници

СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОДИТЕ
Во рамките на Акциониот план за Oдноси со јавност се спроведе кампања за подигање на јавната свест кај своите корисници на услуги.
Како посебна активност во кампањата, е одбележување на Светскиот ден на водите 22-Март.  Повеќе >>
ПРИМАРЕН КОЛЕКТОР СО ПУМПНИ СТАНИЦИ


Примарниот колектор ги прифаќа отпадните води од секундарните канализациони системи од регионот и ги доведува до станицата за третман на отпадните води. Изградениот дел од примарниот колектор (источен, западен и магистрален) е со должина од околу 37 км. Цевките се со пречник од 300мм до 1.200мм. Материјалот за цевките е армиран бетон, ПВЦ и полиетилен.

На изградениот дел од примарниот колектор изградени се 12 пумпни станици. Инсталираниот капацитет на пумпи во пумпните станици се движи од 30л/с до 2240 л/с.

Должина и профили на примарниот колектор меѓу пумпните станици.

П.Ст. Метропол - П.Ст.Гранит 1400m Ф 600 PVC
П.Ст. Гранит - П.Ст. Орце Николов - П.Ст.Охрид1 - 4550m Ф800 Арм.бет.
П.Ст. Охрид 1 - П.Ст.Охрид2 - 1045m Ф1000Арм бет.
П.Ст. Охрид 2 - П.Ст.Даљан - П.Ст.Подмоље - П.Ст.Сатеска - П.Ст. Струга 3 - Пр.Ст. Враништа. 18985 m Ф1200 Арм. бет

Вкупно Источна страна 25980м.
Западен колектор Елен Камен - Струга со 3 пумпни станици 9102м (По Проекот за Еколошка заштита на Охридското Езеро). Се вкупно 35082.

СТАНИЦА ЗА ТРЕТМАН НА ОТПАДНИТЕ ВОДИ

Станицата за третман на отпадните води се наоѓа на околу 4 км од градот Струга (помеѓу селата Враништа и Ложани) и е изградена во периодот од 1985.-87 година, а со редовна функција започна во јуни 1988 година. Станицата обезбедува механички и биолошки третман на отпадните води. За индустриските отпадни води задолжителен е предтретман пред испуштање на отпадните води во канализацијата.

Капацитетот на изградената станица е за 120.000 еквивалентни жители,а пречистената вода се испушта во реката Црни Дрим.Годишниот капацитет на станицата за пречистување е 12000000-15000000м3/год односно околу 40 000м3/ден.

Квалитетот на отпадните води кои доаѓаат во станицата и квалитетот на пречистената вода која се испушта во реципиентот се контролираат во сопствена лабараторија сместена во командната зграда. Резултатите од испитувањата во форма на извештај се доставуваат до Државниот инспекторат за животна средина.

СООПШТЕНИЕ
АНКЕТА
Дали сте задоволни од работата на службите на МЈП-Проаква?
Да, задоволни сме од работата на службите на МЈП-Проаква
Не, нема редовно читање на водомерното броило
Не, треба да се подобри редовноста во доставување на сметките
Да, МЈП-Проаква нуди можност за плаќање на заостанатиот долг на рати