Дома :: За нас
Главно мени

Дома

Водоснабдување

Канализационен систем

Примарен колектор

Хидротехнички услови

Наплатен центар

Обрасци

Каква вода пиеме?

Совети

За викенд корисници

Кутија за корисници

СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОДИТЕ
Во рамките на Акциониот план за Oдноси со јавност се спроведе кампања за подигање на јавната свест кај своите корисници на услуги.
Како посебна активност во кампањата, е одбележување на Светскиот ден на водите 22-Март.  Повеќе >>
ЗА НАС

Претпријатието е основано со одлука-спогодба на Советите на Општините Охрид и Струга во 1998 година.

Органи на управување:
  • Директор – кој се именува со одлука на Градоначалниците на општините Охрид и Струга за време од 4 години
    Светозар Стефановиќ роден 25.12.1976 год Дипломиран економист на смерот Маркетинг менаџмент во Прилеп, Универзитет Св. Климент Охридски - Битола
  • Управен одбор – кој брои 15 членови, кои се именуваат со одлука Градоначалниците на општините Охрид и Струга за време од 4 години
  • Надзорен одбор за контрола на финансиско-материјалното работење на претпријатието – кој брои 5 члена, кои се именуваат со одлука Градоначалниците на општините Охрид и Струга за време од 4 години
Основна организација:
  • административно-правен сектор (работата во овој сектор е организирана преку одделението за заеднички служби и кадровски работи, архивата, правното одделение и одделението за односи со јавност, како и поединечните служби во рамките на овие одделенија, соодветно; овој сектор се грижи за спроведување на правната регулатива на ниво на целото претпријатие, изготвува правни акти и документи од различни обалсти, кадровско работење, застапување на претпријатието пред судските и управните органи и институции, архивско работење, обезбедување и одржување објекти, хигиена, безбедност и здравје при работа, давање информации на корисници на услуги;)
  • финансиско-сметководствен сектор (работата во овој сектор е организирана преку одделението за сметководство, план и анализа, наплатното одделение и одделението за баждарење и исклучување; овој сектор ги организира сите финансиски и сметководствени операции, одржува контакти со финансиски институции, планира и реализира тековни и нвестициони работи, врши наплата од корисниците на услуги, изготвува периодични и завршни сметки, прегледи и биланси за состојба, врши баждарење и контрола на водомерни броила, врши исклучување од системот на корисници кои ги немаат измирени обрските кон претпријатието и сл.;)
  • сектор за јавни набавки (работата во овој сектор е организирана преку одделението за јавни набавки и одделението за магацинско работење; секторот го изготвува и предлага Планот за јавни набавки на годишно ниво, во корелација со потребите на претпријатието од делокругот на работа и истиот го спроведува, изготвува и спроведува тендерски постапки и врши објави преку Бирото за јавни набавки, во согласност со законската регулатива, ги евидентира материјалите и залихите во магацинот, се грижи за уредноста на магацинските простории;)
  • сектор за информатичка поддршка (работата во овој сектор е организирана преку одделението за автоматска обработка на податоци и одделението за информатичка организација и развој; се грижи за компјутеризација на сите сектори и дефинира потреби за истото, ги обединува, ажурира и евидентира податоците во системот на корисници, врши евиденција на работното време, ја ажурира web страната на претпријатието, следи обуки од соодветната област; )
  • сектор за технички работи и развој (работата во овој сектор е организирана преку одделението за планирање, проектирање, катастар и надзор и одделението за техничка припрема и услуги)
  • сектор за водоснабдување (работата во овој сектор е организирана преку одделението за производство на вода, одделението за електро-машинско одржување, одделението за дистрибуција на вода, одделението за одржување водоводна мрежа и одделението за механизација и транспорт, како и поединечните служби во рамките на овие одделенија, соодветно;)
Сметано од 01.07.2010 година, од кога е формирано ЈП ”Нискоградба” Охрид, секторот за одведување отпадни води и градежништво е во рамките на ова претпријатие и тоа ја врши таа дејност на територијата на општина Охрид.

Водовод - Охрид ги врши следните основни дејности:
  • Зафаќање, дистрибуција на вода за пиење и прехрамбена вода,
  • Заштита на Охридското Езеро од отпадни води
Водата тече од изворите, ја има во подземјето, Охридското Езеро е непресушен извор на слатка вода. Навистина изобилство од вода да и се радуваш и нагледаш.
Меѓутоа водата од извориштето до чешмата поминува долг и сложен пат. По овој пат водата мора:
  • да стигне и до најодалечената чешма и во највисоката зграда за да ја угаси жедта на жедните
  • да ја има во доволни количини и во секое време на секој што му е потребна,
  • да е здрава и хигиенски исправна.
Овој сложен пат на водата се нарекува водоснабдителен систем и се состои од делови од кои повеќе се (невидливи) за портошувачот - каптажи, главни доводи, резервоари, водоводна мрежа, лабораторија.

Мисија
  • Квалитетно, редовно водоснабдување, одведување и пречистување на отпадни води на територијата на општина Охрид
  • Водовод Охрид- модерно претпријатие кое врши водоснабдување по европски стандарди
СООПШТЕНИЕ
АНКЕТА
Дали сте задоволни од работата на службите на МЈП-Проаква?
Да, задоволни сме од работата на службите на МЈП-Проаква
Не, нема редовно читање на водомерното броило
Не, треба да се подобри редовноста во доставување на сметките
Да, МЈП-Проаква нуди можност за плаќање на заостанатиот долг на рати