|
ЗА НАС |
Претпријатието е основано со одлука-спогодба на Советите на Општините Охрид и Струга
во 1998 година.
Органи на управување:
-
Директор – кој се именува со одлука на Градоначалниците на општините Охрид и Струга за време од 4 години
Светозар Стефановиќ роден 25.12.1976 год
Дипломиран економист на смерот Маркетинг менаџмент во Прилеп, Универзитет Св. Климент Охридски - Битола
-
Управен одбор – кој брои 15 членови, кои се именуваат со одлука Градоначалниците на општините Охрид и Струга за време од 4 години
-
Надзорен одбор за контрола на финансиско-материјалното работење на претпријатието – кој брои 5 члена, кои се именуваат со одлука Градоначалниците на општините Охрид и Струга за време од 4 години
Основна организација:
-
административно-правен сектор (работата во овој сектор е организирана преку одделението за заеднички служби и кадровски работи, архивата, правното одделение и одделението за односи со јавност, како и поединечните служби во рамките на овие одделенија, соодветно; овој сектор се грижи за спроведување на правната регулатива на ниво на целото претпријатие, изготвува правни акти и документи од различни обалсти, кадровско работење, застапување на претпријатието пред судските и управните органи и институции, архивско работење, обезбедување и одржување објекти, хигиена, безбедност и здравје при работа, давање информации на корисници на услуги;)
-
финансиско-сметководствен сектор (работата во овој сектор е организирана преку одделението за сметководство, план и анализа, наплатното одделение и одделението за баждарење и исклучување; овој сектор ги организира сите финансиски и сметководствени операции, одржува контакти со финансиски институции, планира и реализира тековни и нвестициони работи, врши наплата од корисниците на услуги, изготвува периодични и завршни сметки, прегледи и биланси за состојба, врши баждарење и контрола на водомерни броила, врши исклучување од системот на корисници кои ги немаат измирени обрските кон претпријатието и сл.;)
-
сектор за јавни набавки (работата во овој сектор е организирана преку одделението за јавни набавки и одделението за магацинско работење; секторот го изготвува и предлага Планот за јавни набавки на годишно ниво, во корелација со потребите на претпријатието од делокругот на работа и истиот го спроведува, изготвува и спроведува тендерски постапки и врши објави преку Бирото за јавни набавки, во согласност со законската регулатива, ги евидентира материјалите и залихите во магацинот, се грижи за уредноста на магацинските простории;)
-
сектор за информатичка поддршка (работата во овој сектор е организирана преку одделението за автоматска обработка на податоци и одделението за информатичка организација и развој; се грижи за компјутеризација на сите сектори и дефинира потреби за истото, ги обединува, ажурира и евидентира податоците во системот на корисници, врши евиденција на работното време, ја ажурира web страната на претпријатието, следи обуки од соодветната област; )
-
сектор за технички работи и развој (работата во овој сектор е организирана преку одделението за планирање, проектирање, катастар и надзор и одделението за техничка припрема и услуги)
-
сектор за водоснабдување (работата во овој сектор е организирана преку одделението за производство на вода, одделението за електро-машинско одржување, одделението за дистрибуција на вода, одделението за одржување водоводна мрежа и одделението за механизација и транспорт, како и поединечните служби во рамките на овие одделенија, соодветно;)
Сметано од 01.07.2010 година, од кога е формирано ЈП ”Нискоградба” Охрид, секторот за одведување отпадни води и градежништво е во рамките на ова претпријатие и тоа ја врши таа дејност на територијата на општина Охрид.
Водовод - Охрид ги врши следните основни дејности:
-
Зафаќање, дистрибуција на вода за пиење и прехрамбена вода,
-
Заштита на Охридското Езеро од отпадни води
Водата тече од изворите, ја има во подземјето, Охридското Езеро е непресушен извор на слатка вода. Навистина изобилство од вода да и се радуваш и нагледаш.
Меѓутоа водата од извориштето до чешмата поминува долг и сложен пат. По овој пат водата мора:
-
да стигне и до најодалечената чешма и во највисоката зграда за да ја угаси жедта на жедните
-
да ја има во доволни количини и во секое време на секој што му е потребна,
-
да е здрава и хигиенски исправна.
Овој сложен пат на водата се нарекува водоснабдителен систем и се состои од делови од кои повеќе се (невидливи) за портошувачот - каптажи, главни доводи, резервоари, водоводна мрежа, лабораторија.
Мисија
-
Квалитетно, редовно водоснабдување, одведување и пречистување на отпадни води на територијата на општина Охрид
-
Водовод Охрид- модерно претпријатие кое врши водоснабдување по европски стандарди
|
|
СООПШТЕНИЕ |
|
АНКЕТА |
|
|