Дома
Главно мени

Дома

Водоснабдување

Канализационен систем

Примарен колектор

Хидротехнички услови

Наплатен центар

Обрасци

Каква вода пиеме?

Совети

За викенд корисници

Кутија за корисници

СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОДИТЕ
Во рамките на Акциониот план за Oдноси со јавност се спроведе кампања за подигање на јавната свест кај своите корисници на услуги.
Како посебна активност во кампањата, е одбележување на Светскиот ден на водите 22-Март.  Повеќе >>
ИСПРАВНОСТ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ

Исправност на водата за пиење.

Согласно Правилникот за безбедноста на водата за пиење (Сл.весник 46/2008 год.) се врши контрола на здравствената исправност на водата од две јавни установи на Р.М. и тоа:

  1. Од Републички завод за здравствена за заштита – Скопје каде се носат два пати годишно мостри на вода од следните изворишта: Летница, Бунари Студенчишта, Бунари Орман, Билјанини Извори и од Охридско Езеро кај усисната корпа пред Пумпната станица Метропол и од населените места Велгошти, Лескоец и Љубаништа. Мострите се земаат и носат во месец Март и месец Ноември.

    За мострите испратени во РЗЗЗ – Скопје се врши за следните параметри:

    • Голема хемиска анализа за одредување на присуство на токсини и тешки метали,
    • Анализа за присуство на пестициди,
    • Анализа за присуство на радиоактивни елементи
  2. Од Центар за Јавно здравје – Охрид согласно Правилникот за здравствена исправност на водата и обезбеденост на водата за пиење во 2013 година ќе се извршат анализи на 780 мостри од Системот за водоснабдување и тоа два пати по 7 мостри во текот на неделата, односно 14 мостри неделно.

    На мострите во Центар за Јавно здравје – Охрид се испитуваат следните параметри:

    • Основни бактериолошко – хемиски анализи
    • Анализа на присуство на резидуален хлор во водата за пиење

Покрај гореспоменатите контроли од двете јавни установи на РМ се прави и трета контрола од страна на вработените во јавното претпријатие. За исправноста на водата се врши секојдневно контрола за присуство на резидуален хлор во водата, од страна на двајца вработени еден технолог – инженер и еден хемиски техничар.
Споменатите стручни лица вршат и најмалку четири пати контрола на водоснабдителните хидроградежни објекти од системот на санитарно - хигиенска исправност, контрола и евиденција на санитарните книшки, а со тоа и здравствената состојба на вработените во водоснабдителните објекти во претпријатието.

СООПШТЕНИЕ
АНКЕТА
Дали сте задоволни од работата на службите на МЈП-Проаква?
Да, задоволни сме од работата на службите на МЈП-Проаква
Не, нема редовно читање на водомерното броило
Не, треба да се подобри редовноста во доставување на сметките
Да, МЈП-Проаква нуди можност за плаќање на заостанатиот долг на рати