Она што е ретко е скапо,
Водата како најважна на
светот, напротив нема цена
(Платон,427-347 п.н )
ВОДАТА - Незаменлив сопатник на човекот, скротена, насочена, во
изобилство и количества кои зборуваат за цивилизациските и културни
потреби, немилосрдно се исцрпува, а уште повеќе загадува.
Евидентна е потребата од штедење, рационално користење и заштита на
водите. За тоа можат да допринесат надлежните државни и општински органи,
како и секој граѓанин во својот секојдневен живот.
Водата е основен извор на живот и така треба да се однесуваме кон
неа.
Гледајќи глобално, водата е ресурс што треба да се чува.
Вода никогаш нема премногу, сите резерви се ограничени.
Животната поврзаност помеѓу водата и здравјето бара од луѓето
постојана грижа за:
- рационално стопанисување со водните ресурси,
- за квалитетот на водата и негово одржување,
- количеството на вода и тоа пред се, питка вода.
Не поседуваме повеќе од овој еден свет и само една вода е на него.
А целиот жив свет има потреба од неа, исто како и Вие.
Мислете на нашите води, посакајте и грижете се да бидат чисти и
безопасни, за нас, за нашите деца, за децата на нашите деца.
Две третини од земјината површина се покриени со вода, а исто така
човечкото тело содржи 75проценти вода, оттука е јасно дека водата е еден
од основните елементи кои се одговорни за животот на земјата.
Во природата водата ја има насекаде, во сите делови од живиот свет.
Голем дел од водата (97%)е солена и неупотреблива за секојдневните
потреби на човекот. Останатите 3% се слатките води од кои поголем дел
(69%) отпаѓаат на ледниците и глечерите, (30%)на подземните води, (1%) на површинските води.
- само 2,5% од вкупното количество на вода во светот не е солено, а
две третини од таа несолена вода, заробено е во мраз;
- од преостанатата вода 20% е во непристапни краеви, а најголем дел од
преостанатата вода се појавува таму каде што не треба и во невреме во
вид на монсуни и поплави;
- само 0,08% од вкупната вода на планетава, е погодно за човечка
употреба и тоа 70% од вкупната свежа вода се употребува за земјоделие,
а потребите на индустријата нагло се зголемуваат.
- извештајот на Светскиот совет за вода проценува дека употребата на
вода Ќе порасне за околу 40% во следните дваесет години и дека само за
производство на храна, ќе ни биде потребно 17% повеќе вода отколку што
ќе можеме да произведеме.