|
Интерен оглас за унапредување на даватели на јавни услуги
|
|
Интерен оглас
|
|
СООПШТЕНИЕ |
*
БРЗО, ЕДНОСТАВНО И ЕФИКАСНО ПЛАЌАЊЕ НА СМЕТКИ БЕЗ ПРОВИЗИЈА ОД ВАШИОТ КОМПЈУТЕР НА WWW.EVODOVOD-OHRID.COM.MK
За сите информации или проблеми во врска со услугата обратете се на контакт email адреса: javnost@vodovod-ohrid.com.mk
ЈП ВОДОВОД Охрид ги известува сите правни и физички лица корисници на водоснабдителниот систем согласно Законските одредби дека нашите мобилни екипи вршат исклучување од системот за водоснабдување на оние корисници кои имаат извршено
-приклучување на водоводната и канализационата мрежа без одобрение за приклучок и вршат бесправно користење на вода, таканаречени диви приклучоци
- исклучување на стамбени објекти кои бесправно користат вода од хидрантите за наводнување на паркови и зеленила
-сите оние таканаречени диви приклучоци кои еднаш веќе биле исклучени од системот за водоснабдување, а повторно бесправно се вклучиле ќе бидат исклучени дирекно од главната линија со специјална механизација.
Трошоците за исклучување и повторно приклучување ќе бидат на товар на потрошувачите
За сторителите на вакво дело покрај исклучувањето, следат соодветни казнени мерки.
Исто така се врши исклучување на сите корисници кои не го почитуваат склучениот Договор за исплата на долгот на рати за кое непочитување се претходно опоменати.
Мобилните екипи ќе вршат исклучување од системот на водоснабдување на сите корисници кои ненавремено ги плаќаат сметките за потршена вода .
Тел. За информации: 254-179 , 230-020
Затоа се молат сите наши корисници на територијата на Општина Охрид редовно да ги плаќаат сметките за вода, а особено корисниците кои живеат надвор од Охрид кои поседуваат викенд станови и куќи во Охрид. Плаќањето на сметките може да се изврши преку нашата веб страна www.evodovod-ohrid.com.mk, пошта, банка или во нашите наплатни центри: -наплатна служба (Корзо) на ул.Климентов Универзитет бб -наплатна служба во просториите на ЈП Комуналец во Градски Пазар Секој работен ден од 07:00 - 20:00 часот и во сабота од 08:00 - 14:00 часот
|
АНКЕТА |
|
|