Дома
Главно мени

Дома

Водоснабдување

Канализационен систем

Примарен колектор

Хидротехнички услови

Наплатен центар

Обрасци

Каква вода пиеме?

Совети

За викенд корисници

Кутија за корисници

СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОДИТЕ
Во рамките на Акциониот план за Oдноси со јавност се спроведе кампања за подигање на јавната свест кај своите корисници на услуги.
Како посебна активност во кампањата, е одбележување на Светскиот ден на водите 22-Март.  Повеќе >>
22 МАРТ СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДАТА (WORLD WATER DAY)
22.03.22

Светскиот ден на водата ( World Water Day ) се одбележува секоја година на 22 март. Традиционално и оваа година ќе се одбележи во целиот свет , под слоганот " ПОДЗЕМНИ ВОДИ – НЕВИДЛИВОТО ДА СТАНЕ ВИДЛИВО". Подземните води се невидливи, но нивното влијание е видливо насекаде. Надвор од очите, под нашите нозе, подземните води се скриено богатство што ги збогатува нашите животи. Речиси целата течна слатка вода во светот е подземна вода. Најголем дел од ресурсите кои се користат за водоснабдување на градот Охрид и околината се од подземни води. За водоснабдување се користи подземна вода преку бунари (копани, дупчени, бунари со хоризонтални дренови или т.н. рени бунари) и преку зафаќање на водата од изворите со каптирање и пумпање. ЈП ВОДОВОД Охрид за водоснабдување користи подземна вода преку дупчени бунари и тоа два бунара во с.Орман, по еден во Долно Лакочереј и с.Вапила и три изработени бунари во бунарското поле Студенчишта. Изворите што се каптирани се: Билјанините Извори, Беј Бунар, системот Летнички Извори (опфаќа два летнички извора и изворите Поник и Беглиште), Св.Илија во с.Велгошти, изворите Ливајца и Горна Лелешница во с.Лескоец, Банич во с.Долно Лакочереј и изворите Белков и Чочков Извор во с.Љубаништа. Со пумпање од извор се користи водата од изворите во Св.Наум која што се користи за водоснабдување на с.Љубаништа. ЈП ВОДОВОД Охрид како претпријатие кое е основано за производство, обработка и дистрибуција на чиста вода за пиење и во иднина ќе продолжи со инвестирање во нови капацитети (бунари и каптажи) со цел подобрување на квалитетот во водоснабдувањето. Како што климатските промени се влошуваат, подземните води ќе стануваат се покритични затоа треба да работиме заедно за одржливо управување со овој скапоцен ресурс. „Подземните води можеби се надвор од видното поле, но не смеат да бидат надвор од умот“.
СООПШТЕНИЕ
АНКЕТА
Дали сте задоволни од работата на службите на МЈП-Проаква?
Да, задоволни сме од работата на службите на МЈП-Проаква
Не, нема редовно читање на водомерното броило
Не, треба да се подобри редовноста во доставување на сметките
Да, МЈП-Проаква нуди можност за плаќање на заостанатиот долг на рати