|
22 МАРТ СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДАТА(WORLD WATER DAY
|
22.03.14
|
22 МАРТ СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДАТА(WORLD WATER DAY)
Светскиот ден на водата ( World Water Day ) се одбележува секоја година на 22 март. Традиционално и оваа година ќе се одбележи во целиот свет , под слоганот " Вода и енергија ".
Првите важни препораки за прашања поврзани со водата беа договорени на Конференцијата на Обединетите нации за вода одржани во 1977 година во Аргентина .
По Конференцијата на Обединетите нации за животна средина и развој во Бразил, Генералното собрание на ОН 22-ри март го прогласи за Светски ден на водата .
На Светскиот ден на водата , се предупредува на проблемите поврзани со водата и водните ресурси. Според Обединетите нации повеќе од една милијарда луѓе на Земјата немаат постојан пристап до чиста вода .
За да се истакне значењето на загриженоста во врска со водата ,целата наредна деценија од 2005 до 2015 година ја имаат прогласено за меѓународна деценија за заштита и зачувување на водата на Земјата или почеток на деценијата- Вода за живот
Оваа година, Светскиот ден на водата се одбележува под мотото " Водата и енергијата ".
Оваа година централната прослава за одбележување на Светскиот ден на водата ќе се одржи во Јапонија.
Водата и енергијата се тесно поврзани и зависни едни од други. Производството и преносот на енергија бара употреба на водните ресурси, особено за производство, транспорт и користење на сите форми на енергија.
Спротивно на тоа, голем дел од произведената светската енергија се користи за пумпање,третирање и транспорт на водата до различни потрошувачи.
Во 2014 година, Организацијата на ОН, во тесна соработка со земјите членки и другите релевантни страни , привлекува внимание на односот водата-енергијата, обрнувајќи внимание на нееднаквоста , особено за една милијарда луѓе кои живеат во сиромашните населби и сиромашните рурални подрачја , и кои преживуваат без пристап до безбедна вода за пиење , адекватни услови за хигиена , доволна количина на храна и енергетски услуги.
Целите на Светскиот ден на водата во 2014 година се
• Подигање на свеста за меѓусебните односи помеѓу водата и енергијата
• Придонес кон политички дијалог , кој се фокусира на широк спектар на прашања поврзани со односите меѓу водата и енергијата
• Докажување преку студии на примери на носителите на одлуки во енергетскиот сектор и секторот од областа на водата,дека интегралниот пристап и решенија за прашањата на релација вода- енергија, може да има големи економски и социјални влијанија
• Идентификување на формите на политика и прашањата на развојните капацитети во кои Организацијата на ОН , особено на ОН за вода и ОН за енергетика , може да има значителен придонес
• Идентификување на клучните засегнати страни во односот вода- енергија и нивно активно вклучување во идниот развој на релација вода- енергија
На следниот линк можете да погледнете видео по повод Светскиот ден на водата
http://www.youtube.com/watch?v=AxfEVXNm_-4#t=85
Претходните теми за прослава на Светскиот ден на водата
2014 година - Водата и енергијата
2013 - Меѓународна година на соработка во областа на водата
2012 - Водата и безбедноста на храната
2011 - Вода за градовите - одговор на урбаниот предизвик
2010 - Чиста вода за здрав свет
2009 - Прекугранична вода
2008 - Одводнување на отпадни води
2007 - Како да се справи со недостаток на вода
2006 - Водата и културата
2005 - Вода за живот
2004 - Вода и Катастрофа
2003 - Вода за иднината
2002 - Вода за развој
2001 година. - Вода и развој
2000 - Вода за 21 век
1999 - Сите живеат на вода
1998 - Подземните води - Невидливи ресурси
1997 – Светски води - Дали ги има доволно?
1996 - Вода за жедните градови
1995 - Жените и водата
1994 – Грижата за водните ресурси се однесува за сите
|
|
СООПШТЕНИЕ |
|
АНКЕТА |
|
|