Дома
Главно мени

Дома

Водоснабдување

Канализационен систем

Примарен колектор

Хидротехнички услови

Наплатен центар

Обрасци

Каква вода пиеме?

Совети

За викенд корисници

Кутија за корисници

СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОДИТЕ
Во рамките на Акциониот план за Oдноси со јавност се спроведе кампања за подигање на јавната свест кај своите корисници на услуги.
Како посебна активност во кампањата, е одбележување на Светскиот ден на водите 22-Март.  Повеќе >>
ПОСЕТА НА Р.Е. ВОДОВОД - ОХРИД ОД СТРАНА НА УЧЕНИЦИТЕ И ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ЗНАЧЕЊЕТО НА ВОДАТА КАКО ЕДЕН ОД НЕОПХОДНИТЕ УСЛОВИ ЗА ЖИВОТ НА ЗЕМЈАТА
22.11.13

Како дел од наставната програма учениците од I-IV одд. ја изучуваат темата “Водата еден од неопходните услови за живот на Земјата”.

По тој повод учениците од О.У "Св..Климент Охридски" ја посетија МЈП Проаква Р.Е.Водовод-Охрид.
Учениците се запознаа со основната дејност на работењето на Р.Е. Водовод - Охрид, имаа можност да видат дел од каптажите и пумпите кај Биљанини извори им се објасна патот на водата од изворот до нивните домови.

Исто така го посетија и одделението за поправка и баждарење на водомерите и работилницата каде се запознаа со технолошкиот процес на подготовка на водомерите пред нивно монтирање во водоводната мрежа.

Учениците покажаа голем интерес за дејноста на Водовод Охрид, поставија повеќе прашања, а од страна на Водовод - Охрид на посликовит начин им се објасна значењето на водата и потребата од нејзино штедење и заштита од загадување.

Целите на оваа заедничка соработка со училиштата се:
• Формирање позитивни ставови и стекнување навики за користење, штедење на водата и заштита од загадување
• Запознавање со поимите здравствена исправност на водата за пиење, одржување на хигиената, чување и унапредување на здравјето на луѓето и животната средина
• Подигање на еколошката свест кај учениците
• Подигнување на јавната свест за значењето на водата како еден од најважните фактори за опстанок на човекот.
СООПШТЕНИЕ
АНКЕТА
Дали сте задоволни од работата на службите на МЈП-Проаква?
Да, задоволни сме од работата на службите на МЈП-Проаква
Не, нема редовно читање на водомерното броило
Не, треба да се подобри редовноста во доставување на сметките
Да, МЈП-Проаква нуди можност за плаќање на заостанатиот долг на рати