|
Недостигот на вода во горниот дел од село Велгошти е поради манипулација на поединци од месното население на вентилите на водоснабдителниот систем
|
06.08.13
|
МЈПроаква Р.Е.Водовод – Охрид ја известува јавноста дека не е точна информацијата во медиумите дека во село Велгошти веќе неколку дена со ред жителите немаат вода за пиење.
Во летниот период во населените места Велгошти и Лескоец има недостиг на вода и значително намалување на притисокот во горните зони од селата.
Причината за недостигот на вода е поради манипулација на вентилите од страна на месното население како и неконтролирано наводнување на бавчите и тревните површини .
Екипите на Р.Е.Водовод Охрид 24 часа вршат контрола на регулација на водоснабдителниот систем . Претходниве денови од страна на дел од жителите н с.Велгошти беше извршено незаконско затворање на главниот вентил и имаше прелевање на водата надвор од водоснабдителниот систем , односно беше пренасочена во реката.
Екипите на Р.Е.Водовод Охрид излегоа на терен и извршија регулација на водоснабдителниот систем.
Исто така има појави кога неовластени лица манипулираат со вентилите на водоводната мрежа.
За сторителите на овие дела ќе се превземат соодветни казнени мерки согласно законските прописи.
|
|
СООПШТЕНИЕ |
|
АНКЕТА |
|
|
|