|
22 МАРТ СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДАТА
|
22.02.11
|
Темата на Светски ден на водата 2011 е "Водовод и урбанизам. Целта на Светски ден на водата 2011 е да се фокусира вниманието на меѓународната јавност за влијанието на брзиот урбан раст на населението, индустријализацијата на урбаните системи за вода како и неизвесности предизвикани од климатските промени, конфликти и природни катастрофи . Тоа ќе ги охрабри организациите, заедниците и поединците низ целиот свет активно да се вклучат во решавањето на предизвиците со управување на урбанистички води. МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид , водејќи грижа за своите корисници кои редовно ги плаќаат сметките за потрошена вода организира Наградна игра која е дел од планираните активности по повод Денот на водата 22 март.
Правила за учество во Наградната игра се:
1. Право на учество имаат сите корисници кои ги подмириле сметките за вода заклучно со месец Декември 2010г.
2. Во наградната игра ќе учествуваат само оние корисници кои во дирекцијата на Водовод Охрид - Билјанини извори , ќе донесат една сметка за потрошена вода , од која ќе се констатира дека се редовни плаќачи и ќе добијат соодветен сериски број со кој ќе учествуваат во извлекувањето на наградите.
3.Пријавувањето за наградната игра ќе започне од 1-ви Март и ќе трае до 31-ви Март , а извлекувањето на наградите ќе биде на локалната телевизија ТВМ во почетокот на месец Април.
4. Наградите ќе бидат : телевизори, фрижидери, велосипеди, мини шпорети, правосмукалки, фотоапарати и други вредни награди.
Плаќајте ги сметките за вода и учествувајте во големата НАГРАДНА ИГРА на Водовод Охрид.
За подетални информации, обратете се во Службата за односи со јавност на тел: 046/230-020. |
|
СООПШТЕНИЕ |
|
АНКЕТА |
|
|
|