Дома
Главно мени

Дома

Водоснабдување

Канализационен систем

Примарен колектор

Хидротехнички услови

Наплатен центар

Обрасци

Каква вода пиеме?

Совети

За викенд корисници

Кутија за корисници

СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОДИТЕ
Во рамките на Акциониот план за Oдноси со јавност се спроведе кампања за подигање на јавната свест кај своите корисници на услуги.
Како посебна активност во кампањата, е одбележување на Светскиот ден на водите 22-Март.  Повеќе >>
Изградба на Атмосверска канализација на улица Железничка
14.04.10

  Како дел од планираните активности на улица Железничка во тек е изградба на Атмосверска канализација .Атмосверската канализацја е со профил фи 1000 и фи 800, а изведувач е приватното претпријатие Илинден.Покрај изведувачот и МЈП-Проаква Р.Е.Водовод Охрид учествува во градежните активности.   За нормално одвивање на изградбата на оваа улица МЈП-Проаква врши девијации на водоводните цевки како би дождовната линија поминала над водоводната инсталација.МЈП-Проаква заедно со изведувачот Илинден секојдневно ја пратат изградбата на оваа улица ,при што имаме ангажирано и дежурна екипа како би се избегнале подолги прекини во водоснабдувањето во овој дел од Градот.При изведување на активностите месното население од оваа населба има повремени прекини во снабдувањето со вода.МЈП-Проаква навремено ќе ги известува потрошувачите преку медиумите во случај на подолг прекин на снабдувањето со вода.Истово ќе се случува додека не заврши изградбата на оваа улица.

СООПШТЕНИЕ





*


БРЗО, ЕДНОСТАВНО И ЕФИКАСНО ПЛАЌАЊЕ НА СМЕТКИ БЕЗ ПРОВИЗИЈА ОД ВАШИОТ КОМПЈУТЕР НА WWW.EVODOVOD-OHRID.COM.MK

За сите информации или проблеми во врска со услугата обратете се на контакт email адреса: javnost@vodovod-ohrid.com.mk






ЈП ВОДОВОД Охрид ги известува сите правни и физички лица корисници на водоснабдителниот систем согласно Законските одредби дека нашите мобилни екипи вршат исклучување од системот за водоснабдување на оние корисници кои имаат извршено
-приклучување на водоводната и канализационата мрежа без одобрение за приклучок и вршат бесправно користење на вода, таканаречени диви приклучоци
- исклучување на стамбени објекти кои бесправно користат вода од хидрантите за наводнување на паркови и зеленила
-сите оние таканаречени диви приклучоци кои еднаш веќе биле исклучени од системот за водоснабдување, а повторно бесправно се вклучиле ќе бидат исклучени дирекно од главната линија со специјална механизација.
Трошоците за исклучување и повторно приклучување ќе бидат на товар на потрошувачите
За сторителите на вакво дело покрај исклучувањето, следат соодветни казнени мерки. Исто така се врши исклучување на сите корисници кои не го почитуваат склучениот Договор за исплата на долгот на рати за кое непочитување се претходно опоменати.
Мобилните екипи ќе вршат исклучување од системот на водоснабдување на сите корисници кои ненавремено ги плаќаат сметките за потршена вода .
Тел. За информации: 254-179 , 230-020

Затоа се молат сите наши корисници на територијата на Општина Охрид редовно да ги плаќаат сметките за вода, а особено корисниците кои живеат надвор од Охрид кои поседуваат викенд станови и куќи во Охрид.
Плаќањето на сметките може да се изврши преку нашата веб страна www.evodovod-ohrid.com.mk, пошта, банка или во нашите наплатни центри:
-наплатна служба (Корзо) на ул.Климентов Универзитет бб
-наплатна служба во просториите на ЈП Комуналец во Градски Пазар
Секој работен ден од 07:00 - 20:00 часот и во сабота од 08:00 - 14:00 часот
АНКЕТА
Дали сте задоволни од работата на службите на МЈП-Проаква?
Да, задоволни сме од работата на службите на МЈП-Проаква
Не, нема редовно читање на водомерното броило
Не, треба да се подобри редовноста во доставување на сметките
Да, МЈП-Проаква нуди можност за плаќање на заостанатиот долг на рати
Се вчитува...