Дома
Главно мени

Дома

Водоснабдување

Канализационен систем

Примарен колектор

Хидротехнички услови

Наплатен центар

Обрасци

Каква вода пиеме?

Совети

За викенд корисници

Кутија за корисници

СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОДИТЕ
Во рамките на Акциониот план за Oдноси со јавност се спроведе кампања за подигање на јавната свест кај своите корисници на услуги.
Како посебна активност во кампањата, е одбележување на Светскиот ден на водите 22-Март.  Повеќе >>
22-Март светски ден на водата Чиста вода за здрав свет
22.03.10

Со одлука на Организацијата на Обединетите Нации, 22Март е прогласен за Светски ден на водата.Слоганот на Светски ден на водата за 2010год. е Чиста вода за здрав свет.

Квалитетна вода: Здрави луѓе , здрав екосистем
- На светскиот ден на водата повторно нагласуваме дека чистата вода значи живот и дека нашите животи зависат од тоа на каков начин се грижиме за квалитетот на водите.
- Водата е главен извор за живот на земјата. Квалитетот на животот најмногу зависи од квалитетот на водата. Квалитетната вода за пиење овозможува , здрав екосистем и поздрави луѓе, додека пак нечистата и загадена вода ја уништува околината и здравјето на луѓето. На пример од болести кои се пренесуваат преку водата секоја година умираат повеќе од 1.5 милиони деца.
- Квалитетот на водните ресурси од ден на ден е се повеќе под закана од загадување .Човечките активности во последните 50 години се причина за рекордното ниво на загадување на водените ресурси.Се проценува дека повеќе од 2.5 милијарди луѓе ширум светот користат непречистени води. Секојневно во светските води се испуштаат 2 милиони тони отпадни води и останати нечистотии , тој проблем е уште повеќе актуелен во земјите во развој каде што во површинските води се испуштаат повеќе од 90% непрочистени отпадни води и 70% необработен индустриски отпад.
- Заштитата на водните ресурси е многу поефтина од санацијата на штетите после загадувањето. Со заштитата и чувањето на водените ресурси и чистата околина се осигурува одржливост на целиот екосистем односно користи као што се чиста вода за пиење , риболов , рекреација и туризам. На пример природните мочуришни подрачја во полн капацитет делуваат како филтер низ кој од водата се издвојуваат хранливите од токсичните материи.
- Најдобар пример за тоа е студенчишкото блато кое претставува филтер и е од огромно значење за целокупниот екосистем на охридското езеро.
- За заштитата на екосистемот и спречување на загадувањето на водите се потребни огромни финансиски средства,а истите треба да бидат следени и надополнети со добро координирана иницијатива за јакнење на свеста околу прашањата за зачувувањето на квалитетот на водата.
СООПШТЕНИЕ
АНКЕТА
Дали сте задоволни од работата на службите на МЈП-Проаква?
Да, задоволни сме од работата на службите на МЈП-Проаква
Не, нема редовно читање на водомерното броило
Не, треба да се подобри редовноста во доставување на сметките
Да, МЈП-Проаква нуди можност за плаќање на заостанатиот долг на рати