|
АКЦИЈА ЗА ИСКЛУЧУВАЊЕ НА СИТЕ ФИЗИЧКИ И ПРАВНИ ЛИЦА ОД СИСТЕМОТ ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ...
|
08.04.09
|
Акција за исклучување на сите физички и правни лица од системот за водоснабдување на оние корисници кои навреме не ги подмириле сметките за вода, колектор и канализација.
МЈП Проаква Р.Е. Водовод - Охрид ги известува сите физички и правни лица, корисници на водоснабдителниот систем дека нашите мобилни екипи вршат исклучување од системот за водоснабдување на оние корисници кои навреме не ги подмириле сметките за вода, колектор и канализација.
Должниците треба да бидат запознаени дека трошоците за повторно приклучување на водоводната мрежа ќе бидат на нивни товар. Наплатата на сметките може да се врши преку пошта и банка како и во Наплатен Центар - Корзо на улицата Климентов Универзитет, Наплатен Центар во Т.Ц.Трудбеник, Наплатен Центар - Даљан и Наплатна Служба во просториите на Ј.П. Комуналец во Градски пазар.
Телефон за информации 046/ 230 - 020 Сектор "Односи со јавност". |
|
СООПШТЕНИЕ |
|
АНКЕТА |
|
|
|