|
СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДИТЕ 22 МАРТ - 2009
|
23.03.09
|
Водата има посебно место во нашата планета. Таа го дава животот и овозможува негов развиток и создавање на нов. Таа е дел од секое живо суштество. Водата е животна енергија на земјата.
Со цел да се фокусира јавното внимание на критичните прашања поврзани со водата во денешницата, во 1992 год. во Рио де Женеиро, Бразил, Генералното собрание на Обединетите Нации, го назначи 22 Март како Меѓународен ден на водата. Мотото на Светскиот ден на водата за 2009 год. е:
"Водата-без граници-го поврзува светот"
По повод Светскиот ден на водата 22 Март Р.Е. Водовод - Охрид иницира одбележување на Меѓународниот ден на водата, преку најразлични манифестации и кампањи. Р.Е. Водовод - Охрид оваа година го одбележи празникот преку организирање на ликовен натпревар со учество на основните училишта од Охрид и тоа:
* ОУ "Григор Прличев" * ОУ "Браство Единство" * ОУ "Христо Узунов" * ОУ "Кочо Рацин" * ОУ "Климент Охридски"
Целна група се учениците од 5то до 8мо одделение од основните училишта од општина Охрид.
Цел: Подигнување на јавната свест за значењето на водата како еден од најважните фактори за опстанок на човекот.
* Формирање позитивни ставови и стекнување навики за користење, штедење на водата и заштита од загадување * Запознавање со поимите здравствена исправност на водата за пиење, одржување на хигиената, чување и унапредување на здравјето на луѓето и животната средина * Подигање на еколошката свест кај учениците * Подигнување на јавната свест за значењето на водата како еден од најважните фактори за опстанок на човекот и др.
ПРИЈАВЕНИ ЛИКОВНИ ТВОРБИ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОДАТА:
* ОУ "КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ"
* ОУ "БРАТСТВО ЕДИНСТВО"
* ОУ "ГРИГОР ПРЛИЧЕВ"
* ОУ "КОЧО РАЦИН"
* ОУ "ХРИСТО УЗУНОВ"
|
|
СООПШТЕНИЕ |
|
АНКЕТА |
|
|
|