|
Новата водоводна мрежа и фекална канализација во с.Лескоец се одвива според планот
|
22.11.08
|
Со цел да се подобри водоснабдувањето во с. Лескоец, посебно во деловите каде што тоа не е задоволително се почна со изградба на нова водоводна мрежа која ќе се поврзува со градскиот водовод. Според предвидениот план новата водоводна мрежа ќе биде со вкупна должина од 4км додека должината на новата фекална канализација ќе изнесува 11.8км Изградбата на новата водоводна мрежа и фекална канализација во с. Лескоец се одвива според планираните активности. Во првата фаза на изведување на работите досега е изградена нова водоводна линија Ф160 со должина 1400м и Ф 90 со должина 200м. Паралелно со водоводната мрежа се врши изградба на нова канализациона мрежа и досега се изградени Ф400 со должина 2250м и Ф300 со должина 300м. |
|
СООПШТЕНИЕ |
|
АНКЕТА |
|
|
|