|
Љубаништа-квалитетно и редовно водоснабдување
|
19.11.08
|
Согласно склучениот договор меѓу локалната самоуправа на Општина Охрид и месната заедница на с. Љубаништа водоснабдителниот систем на село Љубаништа од 1.06.2007год. се отстапи на управување и одржување на МЈП-Проаква и претставува дел на единствениот водоснабдителен систем.
Од превземањето до денес се превземени низа мерки за подобрување на водоснабдувањето во село Љубаништа.
- Извршена е замена на доводниот цевковод од каптажните објекти во Војтино до резервоарите во селото Љубаништа. Заменети беа 2800м азбест цементни цевки Ф 80мм со PVC Ф 110м
- Извршена е замена на дотраена салонитна преливна цевка Ф 100м меѓу двата резервоари со ПВЦ Ф 110, и замена на доводна цевка Ф 100 од резервоар до сред село во должина од 210м
- Извршена е замена на уличните шибери Ф 2’’
- Во Пумпените станици извршена е и замена на пумпите со 4 нови пумпи
- Имаме 24часовно редовно хлорирање на водата
Со изведбата на нов цевковод, со санирање на постоечката каптажа и со сите други превземени активности имаме целосно квалитетно и редовно водоснабдување во село Љубаништа.
|
|
СООПШТЕНИЕ |
|
АНКЕТА |
|
|
|