|
Нова водоводна линија во с.Лескоец
|
16.11.08
|
Врз основа на член 62 од Законот за локална самоуправа и член 18 од Статутот на Општина Охрид, Советот на Општина Охрид на седницата одржана на ден 14.03.2008год. се донесе Одлука со која Општина Охрид го превзема водоводот од МЗ Лескоец и го отстапува на МЈП-Проаква-Струга.
Со оваа Одлука МЈП-Проаква РЕ Водовод Охрид почна да врши користење, стопанисување, управување со водоводната мрежа и се обврза да обезбеди трајно и квалитетно водоснабдување на МЗ Лескоец со вода за пиење.
Затоа со цел да се подобри водоснабдувањето, посебно во деловите каде што тоа не е задоволително, РЕ Водовод Охрид планира да изгради водоводна линија ф160 со должина од 2км.
|
|
СООПШТЕНИЕ |
|
АНКЕТА |
|
|
|