Наплатниот центар е еден од основните столбови или фундаментот на МЈП-Проаква.
Наплатниот центар е изворот на сите информации за корисниците на вода, колектор и канализација, место каде се остваруваат контакти со сите корисници на услуги на МЈП-Проаква, како на физички така и на правни субјекти.
Преку Наплатниот центар се врши читањето на водомерните броила, дистрибуција на сметките за потрошена вода и колектор како и наплата преку инкасаторска мрежа или референтите за наплата за правните субјекти кои работат на терен.
Наплатниот центар е организиран и се состои од следниве Наплатни Центри:
-
Наплатен центар (Корзо) на улица Климентов Универзитет б.б.
-
Наплатна служба Комуналец во просториите на ЈП-Комуналец во Градскиот пазар
-
Наплатен центар Трговски Центар Трудбеник.
-
Наплатна служба Воска на улица Гоце Делчев
-
Наплатен пункт во Општина Охрид
Работното време на Наплатните центри е од 08-20 часот секој работен ден и во сабота од 08-15 часот.
Читањето на водомерните броила започнува секој 15ти во месецот, а завршува на 20ти во месецот.
Дистрибуција на сметките започнува секој први во месецот и завршува до 10ти во месецот.
Граѓаните можат да ја користат функционалноста на моделот "сам плаќа" каде корисникот сам ја чита и
пријавува состојбата на водомерот преку телефонскиот број 254-179 и 230-020 и на шалтерите на МЈП-Проаква
врши плаќање на потрошената вода. Пожелно е пријавувањето на состојбата на водомерното броило да го
направат во терминот од 15-20ти во месецот.
Наплатата на сметките може да се изврши:
-
во наплатните центри на МЈП-Проаква Р.Е Водовод-Охрид
-
дирекна наплата - преку инкасаторот на терен
-
преку пошта и банка
-
трансакциона сметка од банка ТРАЕН НАЛОГ
Во рамките на Наплатниот центар има
-
служба Односи со јавност каде корисниците можат да ги достават своите приговори за потрошена вода и колектор
-
служба за контрола која излегува на лице место по пријава на корисниците
-
служба за аналитика
Тел./контакт
-
Наплатен центар (Корзо) на улица Климентов Универзитет б.б. 046-254-179
-
Наплатна служба Комуналец во просториите на ЈП-Комуналец во Градскиот пазар 046-251-120
-
Наплатен центар Трговски Центар Трудбеник 046-231-625
-
Наплатна служба Воска на улица Гоце Делчев 046-270-305
-
Наплатен пункт во Општина Охрид 046-250-406
Охридска Банка ж-ска: 530 020 100 189 050
Инвест Банка ж-ска: 250 019 000 002 375
Во наплатниот центар им се дава можност на корисниците кои имаат заостанати обврски за неплатена вода,
колектор и канализација тоа да го направат преку склучување на Договор за исплата на рати.