Дома
Главно мени

Дома

Водоснабдување

Канализационен систем

Примарен колектор

Хидротехнички услови

Наплатен центар

Обрасци

Каква вода пиеме?

Совети

За викенд корисници

Кутија за корисници

СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОДИТЕ
Во рамките на Акциониот план за Oдноси со јавност се спроведе кампања за подигање на јавната свест кај своите корисници на услуги.
Како посебна активност во кампањата, е одбележување на Светскиот ден на водите 22-Март.  Повеќе >>
ИСТОРИЈА НА КАНАЛИЗАЦИОНИОТ СИСТЕМ ВО ОХРИД


Паралелно со водоснабдувањето во Охрид се развивал и канализациониот систем. Со изградба на хотелските комплекси во градот во 1957 год. е изградена првата канализациона линија од Хотел Палас до Емшеровиот бунар. Една од основните задачи на ЈП, Локалната Самоуправа, Владите на РМ била изградба на канализација и пречистителна станица се со цел да се намали внесување на фекални води во Охридското Езеро. Така во 1988 год. започна со работа Системот за заштита на Охридското Езеро кој опфаќа колекторски систем и станица за пречистување на отпадни води во с. Враништа што претставуваше добра основа за развој на канализационата мрежа во Охрид.

Во Охридскиот регион изградена е секундарна канализациона мрежа во должина од околу 108км и тоа во градот Охрид и населените места Д.Коњско и Лагадин. Должината на секундарната канализациона мрежа е:

- мешовита канализациона мрежа 50км
- фекална канализациона мрежа 43км
- атмосферска канализациона мрежа 15км.

Секундарната фекална и мешовита канализациона мрежа е приклучена во колекторскиот систем , а атмосферската канализациона мрежа е спороведена во езеро.

Со Проектот за Еколошка заштита на Охридското Езеро (финансиран од KfW) изградена е атмосферска канализација во должина од 8629м што претставува добра основа за надградба на атмосферска канализација и по другите улици.

Во канализационата мрежа цевките се со профил од ф200мм до ф600мм, а изградена е од различни материјали на цевки и тоа: бетонски, азбест цементни, ПВЦ и од други материјали.

Процентот на приклученост на корисниците во канализациониот систем за град Охрид е 92%.
 
Остануваат за приклучување населените места од водоснабдителниот систем Охрид Велгошти, Пештани како поголеми потрошувачи, но и другите населени места од Општина Охрид кои гравитираат кон колекторскиот систем.

Со Проектот за Еколошка заштита на Охридското езеро изградена е атмосферска канализација во должина од 8629м (дел од Булевар Туристичка, дел од 7-ми Ноември, Марко Нестороски , Чаршијата ) што претставува добра основа за надградба и по другите улици.

СООПШТЕНИЕ
АНКЕТА
Дали сте задоволни од работата на службите на МЈП-Проаква?
Да, задоволни сме од работата на службите на МЈП-Проаква
Не, нема редовно читање на водомерното броило
Не, треба да се подобри редовноста во доставување на сметките
Да, МЈП-Проаква нуди можност за плаќање на заостанатиот долг на рати