|
ХИДРОТЕХНИЧКИ УСЛОВИ |
Хидротехнички услови е акт на давателот на услугата издаден врз основа
на претходно добиени услови за градба во кои се дефинира постоечката,
односно предвидената улична водоводна, канализациона и атмосферска мрежа.
Постапката за изготвување на хидротехнички услови е следната:
-
На основа на барање на странката кое треба да биде уште во текот на
изготвување на техничка документација, се врши теренски увид за утврдување
на микролокација за приклучоци на вода,
-
Во хидротехничките услови се доставуваат следните податоци: хидраулички
податоци за мрежата, начин и место на приклучување, вид на водмер и сл.
Постапката за изготвување на решенија за приклучоци кај индивидуални
објекти и станбени објекти е следен начин:
-
На барање на странката се врши теренски увид за утврдување на
микролокацијата за приклучокот
-
Се изготвува предмер - пресметка на приклучокот за индивидуални и
станбени објекти
|
|
СООПШТЕНИЕ |
|
АНКЕТА |
|
|
|