Дома
Главно мени

Дома

Водоснабдување

Канализационен систем

Примарен колектор

Хидротехнички услови

Наплатен центар

Обрасци

Каква вода пиеме?

Совети

За викенд корисници

Кутија за корисници

СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОДИТЕ
Во рамките на Акциониот план за Oдноси со јавност се спроведе кампања за подигање на јавната свест кај своите корисници на услуги.
Како посебна активност во кампањата, е одбележување на Светскиот ден на водите 22-Март.  Повеќе >>
Светскиот ден на водите 22-Март

Преку една милијарда луѓе денес немаат пристап кон чиста вода за пиење, а милиони умираат од нејзин недостиг. Климатските промени, загадувањето на водите на земјата и прекршувањето на поставените еколошки норми само го интензвираат редуцирањто на резервите на вода.

Порано или подоцна ќе мораме да се научиме да водиме сметка за водата.

Во рамките на Акциониот план за Oдноси со јавност се спроведе кампања за подигање на јавната свест кај своите корисници на услуги.

Како посебна активност во кампањата, е одбележување на Светскиот ден на водите 22-Март.

Со одлука на Организацијата на Обединетите нации 22Март е прогласен за Светски ден на водите, а целата наредна деценија од 2005 до 2015 година ја имаат прогласено за меѓународна деценија за заштита и зачувување на водата на Земјата или почеток на деценијата Вода за живот. Слоганот на Светскиот ден на водите за 2008година е Година на санитација.

Снабдување со доволно количини на здравствено исправна вода за пиење, обезбедување на организиран начин на собирање и одведување на течниот отпад и обезбедување на услови за одржување на хигиената, посебно личната хигиена, се основните фактори со кои се дефинира поимот санитација.

Обезбедување на санитација допринесува до создавање на чуство на безбедност, задоволство и самопочитување.

Како дел од промотивните активности на ден 20.03 - Четврток во хотел Дрим-Струга се одржа едноднвен Форум во соработка со Младинскот културен центар од Битола со цел преку стручно елаборирање и пошироки дискусии се истакне значењето на водата и проблемите со кои светот се соочува денес, како и да се дадат насоки за рационално користење на водата од страна на секој поединец.

На форумот тројца учесници се претставија со свои излагања и тоа:

- Г-дин Стојан Дамјаноски - советник за Екологија во МЈП-Проаква зеде учество со темата - Заштита на Охридското Езеро од отпадни води.
- Г-дин Лазо Наумоски - од Еколошкото друштво Грашница имаше излагање на тема - Влијанието на шумските зелени појаси врз водните ресурси во Македонија.
- Др. Сашо Точков - од Заводот за здравствена заштита се претстави со темата - Чиста вода здрав живот.

        
        

Сабота - 22Март Светскиот ден на водите, Водовод Охрид го одбележа на Градскиот плоштад со заедничка соработка со учениците од основните училишта од Охрид- Христо Узунов, Григор Прличев, Климент Охридски , Братство Единство и Кочо Рацин.

Целите на оваа заедничка соработка со училиштата се:

• Формирање позитивни ставови и стекнување навики за користење, штедење на водата и заштита од загадување
• Запознавање со поимите здравствена исправност на водата за пиење, одржување на хигиената, чување и унапредување на здравјето на луѓето и животната средина
• Подигање на еколошката свест кај учениците
• Подигнување на јавната свест за значењето на водата како еден од најважните фактори за опстанок на човекот.

        
        
        
        
        
Медиумско покривање на манифестацијата - ВОДА ЗА ЖИВОТ - ГОДИНА НА САНИТАЦИЈА

СООПШТЕНИЕ
АНКЕТА
Дали сте задоволни од работата на службите на МЈП-Проаква?
Да, задоволни сме од работата на службите на МЈП-Проаква
Не, нема редовно читање на водомерното броило
Не, треба да се подобри редовноста во доставување на сметките
Да, МЈП-Проаква нуди можност за плаќање на заостанатиот долг на рати