Дома :: Водата - основен извор на живот
Главно мени

Дома

Водоснабдување

Канализационен систем

Примарен колектор

Хидротехнички услови

Наплатен центар

Обрасци

Каква вода пиеме?

Совети

За викенд корисници

Кутија за корисници

СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОДИТЕ
Во рамките на Акциониот план за Oдноси со јавност се спроведе кампања за подигање на јавната свест кај своите корисници на услуги.
Како посебна активност во кампањата, е одбележување на Светскиот ден на водите 22-Март.  Повеќе >>
Водата - основен извор на живот

Она што е ретко е скапо,
Водата како најважна на
светот, напротив нема цена
(Платон,427-347 п.н )

ВОДАТА - Незаменлив сопатник на човекот, скротена, насочена, во изобилство и количества кои зборуваат за цивилизациските и културни потреби, немилосрдно се исцрпува, а уште повеќе загадува.

Евидентна е потребата од штедење, рационално користење и заштита на водите. За тоа можат да допринесат надлежните државни и општински органи, како и секој граѓанин во својот секојдневен живот.

Водата е основен извор на живот и така треба да се однесуваме кон неа.
Гледајќи глобално, водата е ресурс што треба да се чува.
Вода никогаш нема премногу, сите резерви се ограничени.

Животната поврзаност помеѓу водата и здравјето бара од луѓето постојана грижа за:

- рационално стопанисување со водните ресурси,
- за квалитетот на водата и негово одржување,
- количеството на вода и тоа пред се, питка вода.

Не поседуваме повеќе од овој еден свет и само една вода е на него.
А целиот жив свет има потреба од неа, исто како и Вие.

Мислете на нашите води, посакајте и грижете се да бидат чисти и безопасни, за нас, за нашите деца, за децата на нашите деца.

Две третини од земјината површина се покриени со вода, а исто така човечкото тело содржи 75проценти вода, оттука е јасно дека водата е еден од основните елементи кои се одговорни за животот на земјата.

Во природата водата ја има насекаде, во сите делови од живиот свет. Голем дел од водата (97%)е солена и неупотреблива за секојдневните потреби на човекот. Останатите 3% се слатките води од кои поголем дел (69%) отпаѓаат на ледниците и глечерите, (30%)на подземните води, (1%) на површинските води.

- само 2,5% од вкупното количество на вода во светот не е солено, а две третини од таа несолена вода, заробено е во мраз;
- од преостанатата вода 20% е во непристапни краеви, а најголем дел од преостанатата вода се појавува таму каде што не треба и во невреме во вид на монсуни и поплави;
- само 0,08% од вкупната вода на планетава, е погодно за човечка употреба и тоа 70% од вкупната свежа вода се употребува за земјоделие, а потребите на индустријата нагло се зголемуваат.
- извештајот на Светскиот совет за вода проценува дека употребата на вода Ќе порасне за околу 40% во следните дваесет години и дека само за производство на храна, ќе ни биде потребно 17% повеќе вода отколку што ќе можеме да произведеме.

СООПШТЕНИЕ
АНКЕТА
Дали сте задоволни од работата на службите на МЈП-Проаква?
Да, задоволни сме од работата на службите на МЈП-Проаква
Не, нема редовно читање на водомерното броило
Не, треба да се подобри редовноста во доставување на сметките
Да, МЈП-Проаква нуди можност за плаќање на заостанатиот долг на рати