Дома
Главно мени

Дома

Водоснабдување

Канализационен систем

Примарен колектор

Хидротехнички услови

Наплатен центар

Обрасци

Каква вода пиеме?

Совети

За викенд корисници

Кутија за корисници

СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОДИТЕ
Во рамките на Акциониот план за Oдноси со јавност се спроведе кампања за подигање на јавната свест кај своите корисници на услуги.
Како посебна активност во кампањата, е одбележување на Светскиот ден на водите 22-Март.  Повеќе >>
МЈП-Проаква Р.Е.Водовод Охрид учествуваше на Консултативниот состанок на 24.11. 2008год. во Тирана, Албанија
25.11.08

Албанското министерство за животна средина Шумарство и водоснабдувње,Економската Комисија за Европа при Обединетите Нации(UNECE) и Глобалното партнерство за вода на Медитеранот (GWP-Med)заеднички организираа Консултативен состанок за Интегриран менаџмент на проширеното речно корито на реката Црни Дрим на 24Ноември 2008година во Тирана, Албанија.
Од Охрид на состанокот учествуваа г-дин Илија Ангелески претставник од МЈП Проаква Р.Е. Водовод-Охрид и г-дин Трајче Наумоски претставник од Хидробиолошки Институт од Охрид.
Целта на состанокот беше да се развие дискусија за предизвиците, потребите и потенцијалите кон Интегрирано управување со водните ресурси во речното корито. Водниот басен на реката Црни Дрим може да се смета како ,,тело за поврзување на еден поголем систем, кој ги вклучува Преспанското,Охридското и Скадарското Езеро и реките Дрим и Буна/Бојана, поврзувајќи ги во еден екосистем од големо значење. На состанокот се обезбеди можност за:

• Размена на информации помеѓу националните компетентни органи и клучните меѓународни актери во однос на:
-тековниот статус на управувањето со водните ресурси во коритото и иницијативи кои се во тек, или се планирани и проекти кои се однесуваат на Интегрирано управување со водните ресурси во речното корито.

• Издржани мислења, интереси и потреби од клучните учесници во коритото и идентификација на предизвици за промовирање на планирањето и примената на Интегрирано управување.

• Идентификација на спојување, како и начини на координација кон прекугранична соработка за Интегрирано управување во коритото.

СООПШТЕНИЕ
АНКЕТА
Дали сте задоволни од работата на службите на МЈП-Проаква?
Да, задоволни сме од работата на службите на МЈП-Проаква
Не, нема редовно читање на водомерното броило
Не, треба да се подобри редовноста во доставување на сметките
Да, МЈП-Проаква нуди можност за плаќање на заостанатиот долг на рати