Дома
Главно мени

Дома

Водоснабдување

Канализационен систем

Примарен колектор

Хидротехнички услови

Наплатен центар

Обрасци

Каква вода пиеме?

Совети

За викенд корисници

Кутија за корисници

СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОДИТЕ
Во рамките на Акциониот план за Oдноси со јавност се спроведе кампања за подигање на јавната свест кај своите корисници на услуги.
Како посебна активност во кампањата, е одбележување на Светскиот ден на водите 22-Март.  Повеќе >>
НАПЛАТЕН ЦЕНТАР

Наплатниот центар е еден од основните столбови или фундаментот на МЈП-Проаква. Наплатниот центар е изворот на сите информации за корисниците на вода, колектор и канализација, место каде се остваруваат контакти со сите корисници на услуги на МЈП-Проаква, како на физички така и на правни субјекти.

Преку Наплатниот центар се врши читањето на водомерните броила, дистрибуција на сметките за потрошена вода и колектор како и наплата преку инкасаторска мрежа или референтите за наплата за правните субјекти кои работат на терен.

Наплатниот центар е организиран и се состои од следниве Наплатни Центри:

  • Наплатен центар (Корзо) на улица Климентов Универзитет б.б.
  • Наплатна служба Комуналец во просториите на ЈП-Комуналец во Градскиот пазар
  • Наплатен центар Трговски Центар Трудбеник.
  • Наплатна служба Воска на улица Гоце Делчев
  • Наплатен пункт во Општина Охрид

Работното време на Наплатните центри е од 08-20 часот секој работен ден и во сабота од 08-15 часот.
Читањето на водомерните броила започнува секој 15ти во месецот, а завршува на 20ти во месецот.
Дистрибуција на сметките започнува секој први во месецот и завршува до 10ти во месецот.

Граѓаните можат да ја користат функционалноста на моделот "сам плаќа" каде корисникот сам ја чита и пријавува состојбата на водомерот преку телефонскиот број 254-179 и 230-020 и на шалтерите на МЈП-Проаква врши плаќање на потрошената вода. Пожелно е пријавувањето на состојбата на водомерното броило да го направат во терминот од 15-20ти во месецот.

Наплатата на сметките може да се изврши:

  • во наплатните центри на МЈП-Проаква Р.Е Водовод-Охрид
  • дирекна наплата - преку инкасаторот на терен
  • преку пошта и банка
  • трансакциона сметка од банка ТРАЕН НАЛОГ

Во рамките на Наплатниот центар има

  • служба Односи со јавност каде корисниците можат да ги достават своите приговори за потрошена вода и колектор
  • служба за контрола која излегува на лице место по пријава на корисниците
  • служба за аналитика

Тел./контакт

  • Наплатен центар (Корзо) на улица Климентов Универзитет б.б. 046-254-179
  • Наплатна служба Комуналец во просториите на ЈП-Комуналец во Градскиот пазар 046-251-120
  • Наплатен центар Трговски Центар Трудбеник 046-231-625
  • Наплатна служба Воска на улица Гоце Делчев 046-270-305
  • Наплатен пункт во Општина Охрид 046-250-406

Охридска Банка ж-ска: 530 020 100 189 050
Инвест Банка ж-ска: 250 019 000 002 375

Во наплатниот центар им се дава можност на корисниците кои имаат заостанати обврски за неплатена вода, колектор и канализација тоа да го направат преку склучување на Договор за исплата на рати.


СООПШТЕНИЕ
АНКЕТА
Дали сте задоволни од работата на службите на МЈП-Проаква?
Да, задоволни сме од работата на службите на МЈП-Проаква
Не, нема редовно читање на водомерното броило
Не, треба да се подобри редовноста во доставување на сметките
Да, МЈП-Проаква нуди можност за плаќање на заостанатиот долг на рати