Водата - основен извор на живот

Она што е ретко е скапо,
Водата како најважна на
светот, напротив нема цена
(Платон, 427-347 п.н.)

ВОДАТА - Незаменлив сопатник на човекот, скротена, насочена, во изобилство и количества кои зборуваат за цивилизациските и културни потреби, немилосрдно се исцрпува, а уште повеќе загадува. Повеќе >>

ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА НА СМЕТКИ

За користење на услугите потребно е да се најавите на системот на

www.evodovod-ohrid.com.mk
Штеди ја водата
Што секој од нас може да направи за заштеда на водата:  
- не излевајте ги старите моторни масла и другите нафтени деривати во канализација или потоци и реки
- штедливо користете ја водата при туширање, готвење, миење на раце и заби
- во летните месеци тревниците, градините и цвеќето залевајте ги во вечерните часови, за земјата што подолго да ја задржи водата. Повеќе >>
НАЈНОВИ ВЕСТИ

 
БЛАГОДАРНОСТ И ПОФАЛБИ ОД УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ НА Р.М.
12.11.18
На ден 09.11.2018 год на иницијатива на Управата за јавни приходи во просториите на МЈП “Проаква” беше остварена посета од висока делегација предводена од Заменик Ген. Директор на УЈП на Р.Македонија. На таа средба беше изразена благодарност до новото раководство на МЈП Проаква за досегашната соработка со управата, навременото сервисирање на обврските на Р.Е.Водовод Охрид кое резултираше со комплетна деблокада од нивна страна. Поздравена беше и новата спогодба со МЈП Проаква “Водовод и Канализација” - Струга која благовремено се сервисира...   Повеќе »
 
Деветмесечен финансиски извештај на МЈП Проаква
12.11.18
Деветмесечниот финансиски извештај на МЈП Проаква може да го погледнете тука..   Повеќе »
 
СООПШТЕНИЕ
27.08.18
Управните одбори на МЈП ПРОАКВА Струга Р.Е. Водовод Охрид и ЈП НИСКОГРАДБА Охрид, донесоа одлуки за доделување стипендии во висина од 10.000 ден месечно за студирање на студиските програми во високото образование од градежна, хидро-градежна насока и архитектура.

Објавата се однесува и за лица кои веќе студираат на овие насоки. Поблиските критериуми и услови, правата и обрврските на потенцијалните кандидати ќе бидат дополнителни објавени на web страната на МЈП Проаква Струга Р.Е. Водовод Охрид http://www.vodovod-ohrid.com.mk како и во просториите на јавните претпријатија секој работен ден од 07:00 до 15:00 часот..   Повеќе »
 
 
1 : 2 : 3 : 4 : 5 : 6 : 7 : 8 : 9 : 10 : 11 : 12 : 13 : 14 : 15 : 16 : 17 : 18 : 19 : 20 : 21 : 22 : 23 : 24 : 25   Следна >
СООПШТЕНИЕ
СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОДИТЕ
Во рамките на Акциониот план за Oдноси со јавност се спроведе кампања за подигање на јавната свест кај своите корисници на услуги.
Како посебна активност во кампањата, е одбележување на Светскиот ден на водите 22-Март.
Со одлука на Организацијата на Обединетите нации 22Март е прогласен за Светски ден на водите, а целата наредна деценија од 2005 до 2015 година ја имаат прогласено за меѓународна деценија за заштита и зачувување на водата на Земјата или почеток на деценијата Вода за живот. Повеќе >>