Водата - основен извор на живот

Она што е ретко е скапо,
Водата како најважна на
светот, напротив нема цена
(Платон, 427-347 п.н.)

ВОДАТА - Незаменлив сопатник на човекот, скротена, насочена, во изобилство и количества кои зборуваат за цивилизациските и културни потреби, немилосрдно се исцрпува, а уште повеќе загадува. Повеќе >>

ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА НА СМЕТКИ

За користење на услугите потребно е да се најавите на системот на

www.evodovod-ohrid.com.mk
Штеди ја водата
Што секој од нас може да направи за заштеда на водата:  
- не излевајте ги старите моторни масла и другите нафтени деривати во канализација или потоци и реки
- штедливо користете ја водата при туширање, готвење, миење на раце и заби
- во летните месеци тревниците, градините и цвеќето залевајте ги во вечерните часови, за земјата што подолго да ја задржи водата. Повеќе >>
НАЈНОВИ ВЕСТИ

 
СООПШТЕНИЕ
27.08.18
Управните одбори на МЈП ПРОАКВА Струга Р.Е. Водовод Охрид и ЈП НИСКОГРАДБА Охрид, донесоа одлуки за доделување стипендии во висина од 10.000 ден месечно за студирање на студиските програми во високото образование од градежна, хидро-градежна насока и архитектура.

Објавата се однесува и за лица кои веќе студираат на овие насоки. Поблиските критериуми и услови, правата и обрврските на потенцијалните кандидати ќе бидат дополнителни објавени на web страната на МЈП Проаква Струга Р.Е. Водовод Охрид http://www.vodovod-ohrid.com.mk како и во просториите на јавните претпријатија секој работен ден од 07:00 до 15:00 часот..   Повеќе »
 
ВНЕСЕТЕ СОСТОЈБА НА EVODOVOD-OHRID.COM.MK
13.06.18
Еден од приоритетите на новото раководство на МЈП Проаква беше подобрување на квалитетот на услугите. Со оглед на фактот дека живееме во време на компјутери и дигитализација, воведовме софтвер за електронско плаќање на сметките се со цел поедноставување на самиот процес. Истиот го надградивме со можност за евидентирање на состојба од страна на потрошувачите како би се избегнало пролонгирањето на фактурирањето на фактичката состојба и генерирање на сметки со висок износ како импликација на нередовното читање односно фактурирање. Овој нов метод е од особено значење за викенд становите, односно за броилата каде што има попречена пристапност за читачките служби од било кои причини. Се надеваме дека оваа новина ќе биде позитивно прифатена и успешно реализирана од двете страни. Службите за контрола на МЈП Проаква и понатаму ќе продолжат со контрола на водомерните броила и санкционирање на сите манипулации согласно закон...   Повеќе »
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ
27.03.18
Се известуваат корисниците на водоснбдителениот систем со кој стопанисува МЈП Проаква Р.Е. Водовод Охрид дека е во тек е акција на контрола на водомерните броила. При тоа од страна на нашите служби е воочена разлика која произлегува од нелегално манипулирање со истите...   Повеќе »
 
 
< Претходна 1 : 2 : 3 : 4 : 5 : 6 : 7 : 8 : 9 : 10 : 11 : 12 : 13 : 14 : 15 : 16 : 17 : 18 : 19 : 20 : 21 : 22 : 23 : 24 : 25 : 26 : 27 : 28 : 29 : 30 : 31 : 32 : 33 : 34 :   Следна >
СООПШТЕНИЕ
СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОДИТЕ
Во рамките на Акциониот план за Oдноси со јавност се спроведе кампања за подигање на јавната свест кај своите корисници на услуги.
Како посебна активност во кампањата, е одбележување на Светскиот ден на водите 22-Март.
Со одлука на Организацијата на Обединетите нации 22Март е прогласен за Светски ден на водите, а целата наредна деценија од 2005 до 2015 година ја имаат прогласено за меѓународна деценија за заштита и зачувување на водата на Земјата или почеток на деценијата Вода за живот. Повеќе >>